Што е VPN?

Размислувате за тоа како да ги смалите трошоците за мобилна комуникација и да го оптимизирате работењето на вашата компанија?

VPN е целосно комуникациско решение прилагодливо на потребите на компаниите со поголем број на службени телефони и ви овозможува:

- Опции за бесплатни разговори во рамките на компанијата и надвор од неа
- Потполна контрола на комуникациските трошоци
- Брзо и едноставно телефонирање
- Уникатни опции и предности кои ќе го забрзаат вашето работење, и овозможат големи заштеди на време и пари

Мобилната комуникација е веќе вообичаен дел од деловното окружување. Пред вас веќе не е прашањето дали вашите вработени ќе користат мобилни телефони, туку како најдобро да ја прилагодите мрежата на службени телефони на вашите желби и потреби. При тоа смалувањето на трошоците секогаш има важна улога.

VPN е најдоброто комуникациското решение за вашиот бизнис.

VPN е ваша приватна мрежа, која ќе ви овозможи значително поповолно телефонирање, како во рамките на компанијата така и кон други национални дестинации и тоа на брз и едноставен начин.

VPN е целосно телекомуникациско решение кое ги интегрира вработените во вашата компанија во една заедничка корисничка група, каде секој краен корисник може да има различен профил со соодветни права и ограничувања кои ги одредувате вие.

Можете да ја симнете вашата VPN брошура тука - Vip VPN.pdf

contact us print this page
Вип оператор им посака успех на македонските ракометарки

2008-11-19—Во пресрет на Европското женско ракометно првенство, кое од 2 до 14 декември се одржува во Република Македонија, Вип оператор ја потврди својата поддршка за македонскиот ракомет и и посака успех на Сениорската женска ракометна репрезентација.

1 денар за минута во мрежата на Вип

2008-11-06—Намалени цени и за Вип припејд корисниците