Чет преку SMS

За почеток... регистрирајте се!

Пратете клучен збор REG на 1444. Како повратна информација ќе примите 5 SMS пораки на кои морате да одговорите. Така креирате свој прекар и профил: одредувате пол, години, преференци. Брз начин на регистрација е да пратите SMS со следната содржина REG прекар пол години преференци на 1444, на пр. REG ANA Z 34 М (Ана, женско, има 34 години и сака машки).

Прекарот смее да содржи најмногу 15 букви или букви со броеви без знакови и простор меѓу нив, на пр. REG ANA.

Листа на клучни зборови

Повеќе за себе

За детален опис, пратете клучен збор INT и до четири зборови што ги опишуваат вашите интереси, на пр. INT PLIVANJE FILMOVI JAZZ.

Можете да одредите и град во кој се наоѓате на тој начин што ќе пратите клучен збор GRAD, на пр. GRAD SK. Листа на сите кратенки за градовите се наоѓаат во таблицата со клучни зборови или пратете клучен збор GRAD ?

Ако сакате да го промените својот профил, едноставно пратете клучен збор со оној параметар што сакате да го промените, на пр. POL М или Z, GODINI xx итн. (клучните зборови се во таблицата).

А сега, во потрага за партнер!

Пратете IDEAL или IDE на 1444 и составот ќе пронајде идеален партнер соодветен на вашиот профил.

Ако сакате да пронајдете партнер по свои критериуми, пратете PAR пол години или PAR пол години град и/или интереси. На пр. пратете PAR М 32 SK ако барате машки од 32 години од Скопје.

А ако вам ви е само до незадолжително четување, пратете IZBOR или IZB и ќе примите SMS порака кој содржи до пет партнера (прекари) кои вам можат да ви одговараат на основниот профил.

Први чекори...

Штом составот ќе ви предложи партнер, повикајте го на разговор така што ќе пратите POV прекар, на пр. POV ANA. Ана ќе прими SMS со известување дека ја повикувате на разговор: таа може да го прифати разговорот, да го погледне вашиот профил или пак да го одбие повикот.

Ист е случајот ако вам некој ви прати повик за разговор: кога не сте сигурни пратете PRO прекар на тој партнер (на пр. PRO ANA) и проверете го нејзиниот профил. Ако не ви е до четување, едноставно игнорирајте го повикот. Разговор прифаќате со RAZ прекар.

НАПОМЕНА: Секој започнат разговор со некое лице пожелно е да заврши со STOP или STO затоа што во спротивно сте недостапни за сите останати корисници на чет (не можат да ве повикаат на разговор).

...а потоа прекин

Кога сакате да прекинете разговор, пратете SMS порака со содржина STOP на 1444.

Доколку сакате да направите пауза и да не примате пораки од другите корисници пратете PAUZA или PAU на 1444. Лицата што сакаат да разговараат со вас, ќе добијат информација дека сте моментално на пауза. Пратете PAUZA или PAU кога ќе сакате да ја прекинете паузата.

Тука е и споменарот...

Внатре во услугата Чет & дејт, секој корисник има свој СПОменар во кој останатите корисници можат да впишат порака. За почеток пратете SPO на 1444 и ќе примите информација за споменарот, како да креирате поздравна страница, да пратите порака во нечиј споменар, да прочитате порака од нечиј споменар...

Кога сакате да продолжите во светот на услугата Чет & дејт, пратете BRISENJE или BRI. Вашиот профил и прекар ќе бидат избришани, и нема да можете да примате никакви пораки.

НАПОМЕНА 1: со бришење на прекарот и профилот од базата, автоматски се брише вашата листа на пријатели. Исто така, ако другите корисници ве имале на листата на пријатели, вашиот прекар ќе се избрише и од нивната листа на пријатели.

НАПОМЕНА 2: кога менувате прекар, автоматски се брише и вашиот моментален профил. Значи кога менувате прекар, составот ќе бара повторно креирање профил. Меѓутоа, параметрите на профилот (POL, GODINI, PREFERENCI, GRAD, INTERESI) можете колку што сакате да ги менувате.

Неколку совети... 

contact us print this page
Вип оператор им посака успех на македонските ракометарки

2008-11-19—Во пресрет на Европското женско ракометно првенство, кое од 2 до 14 декември се одржува во Република Македонија, Вип оператор ја потврди својата поддршка за македонскиот ракомет и и посака успех на Сениорската женска ракометна репрезентација.

1 денар за минута во мрежата на Вип

2008-11-06—Намалени цени и за Вип припејд корисниците