Услови на користење

Корисникот е одговорен за секој разговор што го води на услугата Чет & дејт и ја сноси одговорноста за сите последици што можат да произлезат од разговорот со трето лице на четот.
Корисникот мора да ја почитува својата приватност и ризик при пристап на услугата Чет & дејт.

Користејќи ја услугата Чет & дејт, корисникот се обврзува дека нема да: 

 

Во случај на такви пораки, Вип оператор го задржува правото на забрана на користење на услугата Чет & дејт.

Вип оператор има право, во случај на сомнеж на злоупотреба, да ја контролира "содржината" која ја поставуваат корисниците на серверот. Вип оператор моментално може да отстрани некоја содржина која е спротивна на "Условите на користење на услугата Чет & дејт".

Вип оператор има право да дистрибуира пораки до корисникот како информативни е-пораки или преку писмен пат, со што се известуваат за промените кај услугите, нови услуги, подобрени услуги и други информации поврзани со услугата Чет & дејт.

Крај на користење на услугата Чет & дејт

Корисниците на услугата Чет & дејт кои се неактивни 90 дена, Вип оператор ќе ги избрише од базата на корисници. 8 дена пред бришењето од базата на Вип оператор ќе го извести корисникот по пат на SMS-порака.

Вип оператор ќе го прекине правото на користење на услугата Чет & дејт без известување на оној корисник  кој не се придржува до условите на користење на услугата Чет & дејт.

Корисникот се согласува дека Вип оператор има право да ги избрише сите негови податоци од својот сервер во моментот на исклучување.

Вип оператор на своите корисници им овозможува непрекинат и слободен пристап на услугата Чет & дејт. Вип оператор има право да побара од корисниците надомест на трошоците што се предизвикани со неприфатливо и недозволиво користење на услугата Чет & дејт.

Заштита на приватноста

Вип оператор им гарантира на своите корисници дека податоците што ги оставаат при регистрацијата нема да ги продава на трети лица. Податоците оставени при регистрација во услугата Чет & дејт (прекар, години, пол, град, преференци, податоци за интересите, пораки во споменар) не се достапни на ниедно лице надвор од Вип оператор. Вип оператор гарантира и приватност на податоците што ги остава корисникот на трети лица (на пр. во случај на праќање приватни пораки).

contact us print this page
Вип оператор им посака успех на македонските ракометарки

2008-11-19—Во пресрет на Европското женско ракометно првенство, кое од 2 до 14 декември се одржува во Република Македонија, Вип оператор ја потврди својата поддршка за македонскиот ракомет и и посака успех на Сениорската женска ракометна репрезентација.

1 денар за минута во мрежата на Вип

2008-11-06—Намалени цени и за Вип припејд корисниците