mag

mobilkom austria group е водечки сервисен мобилен оператор во Централна и Источна Европа (ЦИЕ). Групата поврзува повеќе од 15.866 милиони корисници на мобилни апарати во осум земји.

mobilkom austria group ги вклучува и провајдерите за мобилна комуникација: mobilkom austria, Mobiltel Бугарија, Vipnet Хрватска, Si.mobil во Словенија, mobilkom Лихтенштајн, Vip mobile во Србија, Vip operator во Македонија и најновиот член MDC Белорусија. Заедничка цел на оваа групација е подобра иднина во мобилната телефонија, во која технологијата остава време за важните работи во животот!

Тајната на успехот на Мобилком Австрија воопшто не е тајна:
“Мисли глобално, делувај локално” е јасна стратегија што се применува кога Vip operator станува член на mobilkom austria group.

mobilkom austria group ја применува синергијата (здружените сили на мобилните оператори), размена на знаење, соработка на пазарот и инфраструктурата секаде, каде што е можно.

Но луѓето го креираат успехот, затоа тимската работа е приоритет во mobilkom austria group, со примена на комуникација и размена на искуства - тоа се факторите што доведоа до успех на групацијата.

Главниот принцип, е како што ќе одлучи пазарот. Стратегијата произлегува од почитувањето на различните пазари на групацијата. Компаниите во mobilkom austria group го прават тоа што пазарот го бара за да се исполнат потребите на локалните потрошувачи на најдобар можен начин. Затоа Мобилком Австрија одлучи, за разлика од другите поголеми конкуренти, во секоја земја да одржува силен локален бренд.

   
                 
         
                                 
                      

contact us print this page
Вип со звукот на Влатко Стефановски Трио .....

2008-08-18—Концертот ќе се одржи на 30ти август (сабота) во летниот клуб Хард Рок, со почеток во 21:00 часот.

Вип оператор официјален партнер на Ракометната Федерација на Македонија и активен учесник во реализацијата на 16-то Женско јуниорско светско првенство

2008-08-04—Во текот на изминатите 14 дена (од 21.07 – 03.08.2008) Република Македонија беше домаќин на 16 - то Женско јуниорско Светско првенство во ракомет.