Како да ја користите роаминг услугата ?
Кога сте во странство и сакате да повикате некого во друга држава, мора да ги вклучите следните кодови и броеви:
[меѓународен повикувачки код (00 или +)], [код на земјата], [префикс за град или мобилен оператор] и [број]
Пр. Кога сте во странство, а сакате да се јавите во Македонија, едноставно бирајте:
+ 389 XX YYYYYY
А доколку сакате да се јавите во земјата во која се наоѓате, нема потреба да го вклучите меѓународниот префикс за повикување или кодот за земјата, едноставно бирајте:
[префикс за градот или мобилниот оператор вклучувајќи 0] и [бројот]
пр. 0XX YYYYYY
Кога сте во странство, можете да се јавите во Контакт центарот на +389 77 1234.
Доколку сакате да одберете мрежа по Ваш избор наместо да бидете автоматски поврзани на некоја од мрежите, можете да влезете во менито на Вашиот телефон и да одберете рачен избор на мрежа. Меѓутоа, ќе треба повторно да ја смените кога ја напуштате земјата.
Достапни услуги кога сте на роаминг
· SMS
Кога ја користите роаминг услугата, можете да пратите и примите SMS пораки. Примените SMS пораки се бесплатни.
· Vip секретарка
Vip секретарката се наплаќа по цени кои се наведени во ценовникот за роаминг услуги.
· Пренасочување на повик
Пренасочувањето на повик се наплаќа на ист начин како роаминг повиците.
· МMS
Кога ја користите роаминг услугата, можете да пратите и примите МMS пораки.
Наплата за користење на Vip секретарка кога користите роаминг
Користењето на Vip секретарката кога користите роаминг (и преслушувањето и примањето на пораки) се наплаќа според роаминг ценовникот.
Можете да ја исклучите оваа услуга преку менито на телефонот – пренасочување на повик – откажување на сите пренасочувања, или со пренасочување на сите повици кон Vip секретарката преку телефонското мени – пренасочете ги сите повици кон говорното сандаче на бројот +38977 1222.
Кога користите роаминг, Вашите примени SMS пораки се бесплатни.
Кога сите дојдовни повици се пренасочени кон Vip секретарката, овие повици се наплаќаат.
Кога се пренасочени повиците поради не-јавување, кога Вашата линија е недостапна или зафатена, а повиците се пренасочени кон Vip секретарката, повикот двојно се наплаќа:
- за дојдовни повици, цената за дојдовни повици на роаминг, зависно од зоната каде моментално се наоѓа корисникот,
- за појдовни повици, пренасочено со Вашиот мобилен телефон до Vip секретарката, по цена на сите појдовни повици кон Македонија.
Забелешка:
- Доколку сакате да пристапите на Вашата Vip секретарка од странство, тогаш можете единствено да го повикате бројот +389 77 1222.

Додади во омилени
