MMS
MMS услугата им овозможува на сите Vip корисници од еден MMS мобилен телефон на друг да испраќаат и да примаат мултимедијални пораки кои содржат:
- текст (до 1000 знаци)
- фотографии во боја
- тонови, звуци и мелодии
- видео записи.
Едноставно снимете фотографија, снимете звук и сè тоа заедно испратете го по пат на MMS порака. За користење на MMS услугата е потребно:
- да поседувате MMS мобилен телефон кој ја поддржува MMS услугата
- да ги поставите соодветните интернет и MMS подесувања за Вашиот телефон.
За да ги добиете автоматски интернет и MMS подесувањата за Вашиот телефон Ве молиме посетете ја страницата http://podesuvanje.vipoperator.com.mk или јавете се во Контакт центарот на бројот 1234.
Подетални информации со кои оператори ширум светот е овозможено испраќање и примање на MMS пораки можете да добиете на нашата веб страница http://podesuvanje.vipoperator.com.mk
MMS роаминг
Vip корисниците можат да примаат и да испраќаат MMS пораки и кога престојуваат надвор од Vip мрежата, т.е. во подрачје на мрежи со кои Vip има потпишано GPRS роаминг договор.

Додади во омилени
