Ало мелодии
Ало мелодиите Ви даваат можност да го промените стандардниот звук на слободна линија со мелодија по сопствен избор. Зошто да не ги забавувате или насмеете оние кои Ви се јавуваат наместо да го слушаат оној досаден биип-биип звук?
Ало мелодиите Ви се достапни без оглед на тоа кој модел на мобилен телефон го користите. Ако еднаш ги набавите своите избрани Ало мелодии, тогаш можете:
- да ги промените кога сакате
- да доделите различни Ало мелодии на секој поединечен контакт
- да го дефинирате основниот тон според дел од денот.
Бидејќи Ало мелодиите не се зачувуваат на Вашиот мобилен телефон, туку се меморирани во Vip мрежата, услугата е достапна без оглед на тоа дали повикувачот Ве бара од фиксна линија или од мобилен телефон и без разлика на тоа дали Вие или повикувачот се наоѓате во Македонија или во странство.
Изразете се, забавувајте ги другите и слободно опуштете се, бидејќи купувањето на Ало мелодии е едноставно.
1. Со SMS порака
Испратете код со избраната содржина на бројот 1442 и избраната Ало мелодија ќе биде поставена како основна мелодија
која ќе ја слушаат сите кои Ве бараат.
Доколку ја имате деактивирано услугата, повторно можете да ја активирате праќајќи SMS со содржина ALO на 1442.
2. Преку Вип мобилниот портал
Содржините се достапни и на Vip мобилниот портал, во категоријата Ало Мелодии.
За сите информации јави се на во Контакт Центарот на 077 1234.
Деактивација на услугата можете да направите праќајќи SMS со содржина STOP на 1442 или преку Vip мобилниот портал.
Доколку во рок од 2 месеци повторно не ја активирате услугата Ало мелодии, при наредната активација песните од Вашата
листа ќе бидат недостапни.

Додади во омилени
