Македонски Олимписки Комитет
Vip оператор е новиот официјален партнер на Македонскиот олимписки комитет - МОК. Во насока на поддршка и промоција на вистинските вредности и активно учество во изградбата на здраво општество, Vip оператор одлучи да го поддржи Македонскиот национален тим на престојните Летни олимписки игри 2008, што ќе се одржат во Пекинг. Vip oператор обезбедува целосна поддршка и промоција на Македонскиот национален тим во однос на неговите потреби и активности во текот на подготовките и настапот на Летните олимписки игри.
- Да се биде дел од најголемиот светски настан како што се Летните олимиски игри е огромна чест и задоволство за Vip оператор. Натпреварувачкиот дух, универзалноста, здравиот дух и солидарноста се синоними на Олимписките игри. Ние во Vip oператор ги препознавеме и негуваме овие вистински вредности, што ги слави целиот свет на Олимписките игри стотици години низ историјата. Веруваме дека ќе придонесеме за подигнување на спортскиот дух кај Македонските учесници и дека заедно ќе ги славиме сите нивни победи - изјави Никола Љушев, извршен директор на Вип оператор.
Македонскиот олимписки комитет изрази огромна задоволство од поддршката на Vip оператор пред престојниот настап на Македонскиот национален тим на Летните олимписки игри.
- За секој успех потребна е поддршка. Кога таа поддршка доаѓа од искрен партнер кој е докажан во светот на бизнисот, задоволството е огромно. Во овие турбулентни и динамични времиња, вистинските вредности во животот кои се најизразени во спортот, за жал се запоставени. Токму затоа поддршката од Vip оператор е од клучно и огромно значење за Македонскиот олимписки комитет и за Македонскиот национален тим. Ова е дополнителна мотивација, бидејќи некој сепак ги препознава вистинските вредности. Ќе сториме се за да ја оправдаме довербата - рече Претседателот на МОК Васил Тупурковски.
МОК Македонскиот олимписки комитет делува од осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година. Прв настап на Македонскиот национален тим под Македонско знаме беше на Летните Олимписките игри во 1996 година во Аталанта САД. Основна цел на Македонскиот олимписки комитет е подготовка на македонските спортисти за Олимписките игри, ширење на олимпискиот дух и олимпиското движење и развој на врвниот спорт.
Досега Македонските спортиси на Олимписките игри освоиле 13 медали во разни спортови и три медали на Пара олимписките игри. Македонскиот олимписки комитет е член на Меѓународниот олимписки комитет.
Повеќе информации: www.mok.org.mk

Додади во омилени
