Ракометна Федерација на Македонија
Vip оператор е новиот официјален партнер на Ракометната Федерација на Македонија. Тргнувајќи од својата определба да го препознава и наградува успехот кој се темели на натпреварувачки дух и тимската работа, Vip одлучи да ги поддржи македонските машки и женски ракометни репрезентации во нивните понатамошни успешни спортски походи на престојните натпревари во рамките на квалификациите за Машкото светско првенство, на натпреварите на Женско Европско првенство за сениорки, како и на настапите на Женско јуниорско светско првенство, што ќе се одржат во текот на оваа година во нашата земја. Исто така, од денеска елитното домашното ракометно првенство ќе го носи името „Vip супер машка ракометна лига“.
- Среќен сум што од денеска имаме можност да го збогатиме семејство на Vip, што го сочинуваат нашите корисници, вработени, партнери и пријатели, со претставниците на еден од најтрофејните македонски тимски спортови – ракометот. Без сомнение тие се дел од македонските Vip личности во спортот. Од таму сосема природно е што токму ние - Vip оператор одлучивме да ја подржиме нивната работа и со тоа заедно со сите македонски граѓани и верните навивачи да им дадеме дополнителен мотив да продолжат преку победи да ни приредуваат на сите нас уште многу моменти на среќа и радост, изјави Главниот извршен директор на Vip оператор Никола Љушев, предавајќи му го на капитенот на македонската машка ракометна репрезентација Кире Лазаров првиот дрес со логото на Vip.
- На врвниот спорт му е неопходна поддршка од врвниот бизнис за да продолжи со остварување на врвни резултати. Спонзорството на Vip доаѓа во вистински момент. 2008-ма е годината кога ни се дава шанса преку макотрпна тимска работа да ја продолжиме традицијата и да му докажеме на целиот свет дека Македонија е расадник на играчи кои се велемајстори на квалитетниот ракомет – изјави Претседателот на Ракометната Федерација Трифун Костовски.
Поддршката на Vip оператор на Ракометната Федерација на Македонија се случува во екот на настапите на машката ракометна репрезентација, пред одлучувачкиот квалификационен двомеч со репрезентацијата на Португалија за учество во бараж натпревар за светското првенство што ќе се одржи идната година во Хрватска.
http://www.rfm.org.mk
Фотогалерија >>
.MP4

Додади во омилени
